Се што треба да знаете за нашите Општи услови за вршење сметководствени работи
ОПШТИ УСЛОВИ
ЗА ВРШЕЊЕ НА СМЕТКОВОДСТВЕНИ РАБОТИ
Општи одредби
Член 1
Општите услови за вршење на сметководствени работи ги утврдува Друштвото за сметководствени работи и ги објавува на својата интернет страницата http://www.gmbi.mk
Измените и дополнувањата на Општите услови, Друштвото за сметководствени работи ги објавува на својата службена интернет страница http://www.gmbi.mk
Општите услoви за вршење на сметкoвoдствени рабoти (вo натамoшниoт текст: Општи/те услoви) претставуваат сoставен дел на Дoгoвoрoт за вршење на сметководствени работи (во натамошниот текст: Договор за сметководствени работи )
Со Општите услови за вршење на сметководствени работи се уредуваат општи прашања и нормативни основи кои не се детално регулирани со Договорот за сметководствени работи и евентуалните анекси на овој Договор.
Права и обврски на Друштвото за сметководствени работи и на Клиентот
Член 2
Основните меѓусебни права, обврски и одговорности меѓу Друштвото за сметководствени работи и Клиентот се уредени со Договорот за сметководствени работи. Ангажманот на Друштвото за сметководствени работи не може да оточне пред двостраното потпишување на Договорот за сметководствени работи.
Изготвувањето и усвојувањето на избраните сметководствени политики претставуваат обврска и одговорност на Клиентот. Сметководствените политики може да ги изготви и Друштвото за сметководствени работи, како посебен ангажман и по цена која ќе биде договорена со Клиентот. Без презентирање на усвоените сметководствени политики од страна на Клиентот
(во хартиена форма или електронски) Друштвото за сметководствени работи не може да сноси одговорност заради превземање или непревземање на одредена дејност врз основа на востановена сметководствена пракса.
Друштвото за сметководствени работи, сметководството го води во согласност со прописите и стандардите од областа на сметководството и на начин кој овозможува стручно трето лице во соодветен рок да стекне преглед над работењето на Клиентот и деловните дејствија за нивното настанување, развој и завршување. Евиденцијата, вклучувајќи ја и онаа во електронска форма Друштвото за сметководствени работи ја врши целосно, точно, навремено, веродостојно и уредно, согласно со доставената изворна документација од страна на Клиентот.
Готовинскиот промет на Клиентот, Друштвото за сметководствени работи го бележи континуирано - по редослед на неговото настанување, секојдневно.
Книжењето и друго евидентирање, вклучувајќи ја и евиденцијата во електронска форма, Друштвото за сметководствени работи не ја менува на начин што првобитната содржина повеќе не може да се утврди. Друштвото за сметководствени работи не врши измени во евиденцијата на Клиентот кои би го направиле неизвесно утврдувањето на времето на нивното спроведување - претходно или дополнително.
Деловните книги и другите евиденции на Клиентот, дури и ако за нивното водење не постои законска обврска, во секое време се достапни во земјата. Деловните книги и другите евиденции се водат и приложуваат на службениот македонски јазик.
Изготвувањето на пописот претставува обврска и одговорност на Клиентот.
Чувањето на деловни книги и евиденции е обврска на Клиентот. Рокот за чување почнува да тече со крајот на календарската година на последната спроведена евиденција.
Трајно се чуваат:
годишните сметки (биланс на состојба и биланс на успех)
финансиските извештаи (биланс на состојба, биланс на успех, извештај за промените во главнината, извештај за паричните текови, применетите сметководствени политики и други објаснувачки белешки подготвени во согласност со меѓународните сметководствени стандарди и меѓународните стандарди за финансиско известување) и
документите за пресметка наплати. Десет години се чуваат:
трговски книги, сметководствени документи, записи, пописи и други документи во врска со ентитетот;
деловни писма и кореспонденции и
сметки за книжење.
Пет години се чуваат:
документите за дневниот готовински промет и други документи.
Електронската пошта е водечки медиум за редовна кореспонденција меѓу Друштвото за сметководствени работи и Клиентот. Друштвото за сметководствени работи обезбедува начин за чување на електронската кореспонденција во траење од најмалку 5 години, односно до датумот на откажување на Договорот за сметководствени работи утврден согласно со членот 5 на Општите услови, кога документите, извештатите и другите докази записнички се предаваат на Клиентот. Поради објективната можност од губење на електронската коресоонденција и Клиентот обезбедува начин за чување на електронската кореспонденција во траење од најмалку 5 години, односно до датумот на откажување на Договорот за сметководствени работи и истекувањето на договорениот отказен рок од членот 5 на Општите услови.
Страната која ја изгубила меѓусебната електронска кореспонденција ќе може да ја преземе кореспонденцијата од другата страна, без надомест. Оваа можност престанува по откажувањето на Договорот за сметководствени работи и истекувањето на договорениот отказен рок од членот 5 на Општите услови, кога се врши и примопредавање на електронската кореспонденција поврзана со вршењето на сметководствените работи.
При меѓусебно физичко примопредавање на горенаведените сметководствени и други документи, пари или други вредности, Клиентот и Друштвото за сметководствени работи треба да обезбедат писмен доказ за извршената испорака/прием. Договорната страна која ќе изврши испорака е должна да го чува доказот за физичкото предавање на предметот во тековната година и наредната календарска година (сметајќи од 1 јануари до 31 декември наредната година), односно до датумот на откажување на Договорот за сметководствени работи утврден согласно со членот 5 на Општите услови, кога документите, извештатите и другите докази записнички се предаваат на другата страна.
Контрола и ликвидатура на сметководствените документи, парите и другите вредности врши Клиентот преку својот законски застапник, односно од него овластеното лице, назначено во Договорот за сметководствени работи, кое може да биде одговорно за контрола на сите или само на одредени видови на сметководствени документи, пари и други вредности. Сите формални и материјални неточности на сметководствените документи, прекршувањето и неприменувањето на материјалните законски одредби, пробивањето на роковите, како и непочитувањето на условите и пропишаните начини, правила и процедури, кои се направени по вина на Клиентот, не ја активираат одговорноста на Друштвото за сметководствени работи.
Листата на побарувања на Клиентот (ненаплатени побарувања), ја составува Друштвото за сметководствени работи врз основа на сите аналитички картички на должниците на Клиентот. Постапката на размена на списоци (прегледи, ИОС-и и сл.), телефонските и други контакти, кореспонденцијата со должниците, усогласувањата на салдата а сета останата службена преписка претставува обврска на Клиентот. Друштвото за сметководствени работи, на своја иницијатива не врши затворање на отворени ставки во аналитичката евиденција на Клиентот. Тоа претставува обврска и одговорност на Клиентот. Ваквата обврска и одговорност на Клиентот се однесува и на случаите кога се исполнети законските услови за вредносно усогласување (отпишување) на побарувањата, залихите и сл. средства, односно обврски, поради исполнетите законски услови - застареност на побарувањата / обврските, истечен рок на употреба на залихите и сл. Клиентот го известува Друштвото за сметководствени работи за затворањето на отворените ставки во аналитичката евиденција. Друштвото за сметководствени работи врз основа на примениот Извештај за аналитичката евиденција и салдата на побарувањата на должниците на Клиентот (ненаплатени побарувања) спроведува соодветна синтетичка евиденција.
За место на вршење на сметководствените работи (локација) се смета седиштето на деловните простории на Клиентот, додека просториите на Друштвото за сметководствени работи се само место за пооделни фази на обработката на податоци, заради што чувањето на документацијата, деловните (трговски) книги, годишните сметки и финансиските извештаи во целост претставува одговорност на Клиентот. Клиентот само привремено доставува документација во просториите на Друштвото за сметководствени работи заради обработка, внес на податоци или записи, односно заради евиденција (книжење), после што Друштвото за сметководствени работи е должно најдоцна во рок од 75 дена по истекот на годината, да ги врати документите во целост, заедно со целосната сметководствена евиденција, заради нејзино чување во деловните простории на Клиентот. За начинот, местото и лицата одговорни за чување на документацијата одлучува Клиентот.
Клиентот може да ги процесира документите, и истите да ги достави до Друштвото за сметководствени работи по електронски пат, во форма на датотеки погодни за обработка и за вчитување во сметководствената програма на Друштвото за сметководствени работи или во форма на скенирани документи. Во сите вакви случаи Клиентот е одговорен за точноста и веродостојноста на така доставената документација. Клиентот има обврска да го провери приемот на документите од страна на Друштвото за сметководствени работи и за тоа да обезбеди соодветен доказ (по електронски пат или на друг начин).
Клиентот има право континуирано или повремено, самостојно или преку стручно лице да врши контрола и ревизија на вршењето на сметководствените работи, односно на водењето на трговските (деловните) книги. Клиентот презема посебна обврска да врши ваква контрола, односно ревизија за составувањето на месечна, квартална или годишна пресметка на данокот на додадена вредност, како и на изготвувањето на годишната сметка и финансиските извештаи и на Годишни даночни пријави. Друштвото за сметководствени работи може да ја одложи контролата на Клиентот поради оправдани причини (присуство на надворешна контрола, болест на овластеното лице и сл.).
Друштвото за сметководствени работи нема да толерира и да подржува било какво плаќање од страна на Клиентот или негов деловен партнер или пак од страна на трето лице кое по природа претставува подмитување, подметнување или ополномоштување за трансакции (надвор од редовното договорно работење) заради обезбедување на постигнување на недозволени цели во корист на Клиентот.
Цени на услугите
Член 3
Цените на услугите, роковите и условите за плаќање, како и обезбедувањето на плаќањата се дефинираат со Договорот за сметководствени работи, неговите Анекси во согласност со Ценовникот за вршење на сметководствени работи на Друштвото за сметководствени работи (во натамошниот текст: Ценовник), кој е посебен документ и е составен дел на Договорот за сметководствени работи.
Цените на услугите наведени во Ценовникот на Друштвото за сметководствени работи за Клиентот имаат информативен карактер, а минималните износи претставуваат загарантиран износ под кој не може да се утврди цената во рамки на Договорот за сметководствени работи. За Клиентот се меродавни цените наведени во Договорот за сметководствени работи и Анексите кон Договорот и истите може да се менуваат само со Анекс на Договорот за сметководствени работи.
Доколку дојде до зголемен индекс на трошоци за живот врз основа на соопштение на Државниот Завод за статистика а таквото зголемување е над 10 % во однос на истиот период минатата година Друштвото за сметководствени работи може да побара покачување на цената за сметкововдствените услуги но најмногу еден пат годишно.
Новите цени на услугите наведени во Ценовникот односно Анексот, се применуваат од месецот во кој дошло до склучување на Анекс кон Договорот за сметководствени работи за утврдување на новата цена.
Ограничување на одговорноста на Друштвото за сметководствени работи
Член 4
Друштвото за сметководствени работи е одговорно за евентуалната штета што ќе ја претрпи Клиентот по вина на Друштвото за сметководствени работи, на начин утврден согласно со Законот за облигационите односи. Друштвото за сметководствени работи не е одговорно за било каква штета што ќе настане како резултат на непочитување на законските и договорните рокови за доставување на документацијата или на други потребни податоци или информации кои ќе го доведат Друштвото за сметководствени работи во ситуација својот ангажман да го извршува во непримерно кратки рокови.Под непримерно кратки рокови се подразбираат рокови пократки од 10 работни денови кои претходат на рокот за изготвување и доставување на соодветната Даночна или друга пријава до соодвета институција во хартиена или електронска форма, по пошта, емаил или преку апликативен софтверски систем на институцијата или било која друга форма за достава.
Друштвото за сметководствени работи не одговора за евентуална штета или изречена глоба од било кој Инспекторат која ќе произлезе од ситуација во која Друштвото за сметководствени работи постапува во согласност со ставовите на стручната јавност или дел на стручната јавност (Консултансти куќи ), кога се работи за примена на прописите кои се недоволно прецизни заради што во праксата се јавуваат различни толкувања и постапувања во врска со таквите прописи. Доколку постојат различни мислење од неколку Консултанстки куќи , Друштвото за сметководтво и Клиентот заеднички ќе донесат одлука како да постапат во одредена ситуација врз основа на повеќе прибавени мислења.
Доколку друштвото за сметководствени работи утврди дека одредена трансакција која ја спроведува клиентот не е усогласена со соодветни законски и подзаконски акти од било кој степен има право таквата траксакција сметководственото да ја корегира и спороведе онака како што мисли дека е најдобро и најсогласно со соодветни законски и подзаконски акти од било кој степен. Друштвото за сметководствени работи има право да го одбие Налогот од Овластено лице на клиентот кој е даден писмено или усно за да наложи одредена трансакција сметководствено да се прокнижи по мислење и воља на Овластеното лице на клиентот.
При вршењето на курирски услуги (достава) сите ризици за транспорт и ракување со пари, документи и други вредности паѓаат на товар на Клиентот, освен во ситуациите кога ќе се утврди дека Друштвото за сметководствени работи постапувало со крајно невнимание (небрежност). Евентуалното осигурување на парите и другите вредности при транспорт и ракување (манипулација) претставува обврска на Клиентот.
Во услови на извршување на електронско плаќање, Друштвото за сметководствени работи не одговора за евентуалната штета што ќе настане заради прекин на интернет комуникацијата, телефонските врски, недостапноста на сервисот на кабелскиот оператор и на сличните сервиси кои не се под контрола на Друштвото за сметководствени работи.
Во сите други случаи, евентуалната штета или изречена глоба за која Друштвото за сметководствени работи може да одговара пред Клиентот не може да биде поголема од вкупниот износ кој Клиентот го платил за услугите во последните три месеци кои претходат на датумот на настанувањето на евентуалниот штетен настан.
За вршењето на сметководствени работи, Друштвото за сметководствени работи склучува договор за годишно осигурување со осигурително друштво. Евентуално настанатиот штетен настан најпрво се покрива од полисата издадена од осигурителното друштво, согласно со одредбите на договорот за осигурување.
Откажување на Договорот за сметководствени работи
Член 5
Билатералниот отказен рок за раскинување на договорниот однос помеѓу Друштвото за сметководствени работи и Клиентот е 30 (триесет) календарски дена, од денот кога едната договорна страна и предала писмено известување за раскинување на договорот на другата договорна страна и тоа по пошта со потврда за прием на пратка или со писмена достава на адреса-седиште на една од договорените страни.
По истекувањето на отказниот рок, во рокот на наредните 8 (осум) календарски дена Друштвото за сметководствени работи е должно да ја предаде, а Клиентот мора да ја преземе својата документација која во тој момент ќе се затекне кај Друштвото за сметководствени работи. Ако Клиентот не ја преземе својата документација, му плаќа на Друштвото за сметководствени работи надомест за чување и архивирање на документацијата согласно со Ценовникот. Таквата документација, Друштвото за сметководствени работи ја чува најмногу 60 (шеесет) дена, после што истото може да ја отстрани без никаква одговорност за евентуалните штетни последици што може да настанат за Клиентот.
Друштвото за сметководствени работи привремено ќе прекине дел или целокупното вршење на сметководствени работи за Клиентот или трајно ќе го раскине Договорот за сметководствени работи, доколку Клиентот не изврши плаќање на своите обврски кон Друштвото за сметководствени работи во рок од 15 (петнаесет) календарски денови од денот на издавање на фактурата. За привременото прекинување на вршењето на сметководствените услуги, Друштвото за сметководствени работи не е должно писмено да го извести Клиентот, туку се подразбира дека по истекот на петнаесетиот календарски ден сите услуги се запрени од извршување. Доколку смета дека е потребно Друштвото за сметководствени работи може да го извести по емаил клиентот дека привремено го запира извршувањето на сметководствените услуги од било кој вид и обем. За трајното раскинување на Договорот, Друштвото за сметководствени работи е должно да го извести Клиентот во писмена форма. Известувањето за трајното раскинување на Договорот за сметководствени работи може да биде условено, со наведување на датумот до кој треба да се изврши плаќањето на долгот од страна на Клиентот, и ако плаќањето не се изврши до тој рок тогаш ќе настапи трајно раскинување на договорот.
Договорните страни можат да склучат Договор за сметководствени работи со извршна клаузула, солемнизиран кај нотар, со што истиот би стекнал сила на извршна исправа.
Решавање на спорови
Член 6
Евентуалните спорови кои произлегуваат од Договорот за сметководствени работи, неговите Анекси, Ценовникот или овие Општи услови, договорните страни се обврзуваат да се обидат да ги решат спогодбено или преку медијатор, арбитража (медијација). Страната која е незадоволна од текот на мирното решавање или од одлуката на арбитражата на спорот може да иницира судска постапка.
Други одредби
Член 7
Клиентот е должен до Друштвото за сметководствени работи да ги достави сите информации во врска со промена на податоците кои се наведени во Договорот за сметководствени работи и Анексите, вклучувајќи и информации за менување на телефонски броеви и е-маил адреси.
Клиентот е должен до друштвото за сметкововдствени работи да достави Анализа на клиент врз основа на Закон за спречување на перење на пари и финансирање на тероризам (ЗСППФТ). Доколку клиентот нема изготвена Анализа на клиент, Друштвото за сметководствени работи е должно да изготви Анализа на клиент на трошок на клиентот. Клинтот може изготвувањето на Анализата на клиент да ја довери на трето независно овластено лице за изготвување на Анализа на клиент.
Доколку клиентот е правно лице со едноставна сопственичка структура истото може да се идентификува пред Друштвото за сметководствени работи со Тековна состојба од Регистарот на вистински сопственици.
Доколку и покрај доставена Анализа на клиент и Тековна состојба од Регистарот на вистински сопственици Друштвото за сметководствени работи се посомнева во истата може самостојно да изврши Анализа на клиент на трошок на клиентот.
Доколку постои основано сомнение за утврдениот или неутврдениот вистински сопственик на правното лице на било кој начин, Друштвото за сметководствени работи може да одбие соработка со клиентот.
Друштвото за сметководствени работи не смее договорените работи да ги отстапи на друго Друштвото за сметководствени работи. Клиентот, после откажувањето на Договорот за сметководствени работи, вршењето на сметководствените работи може да му ги довери на друг субјект за вршење на сметководствени работи.
Друштвото за сметководствени работи може еднострано да ги промени Општите услови за сметководствени работи а за тоа е должно да ги извести своите клиенти во писмена или електронска форма од било кој вид. Промената на Општите услови може да биде базирана на некоја законска измена или врз основа на некоја установена нова пракса за вршење на сметководствените работи.
Доколку некој клиент не се согласува со новите Општи услови може да побара посебни услови за него , но таквата промена ке биде основ за дополнителен финансиски надомест спрема Друштвото за сметководствени работи.
Куманово, 12.12.2022 година