Се што треба да знаете за нашите услуги
Ние сме семејна компанија формирана 2003 година од врвни професионалци во својата работа. Како соработници на странски и домашни компании имаме долгогодишно искуство со најразличен тип на дејности и услуги од областа на бизнисот. Компанијата е посветена на сметководствено, финансиско и деловно работење на своите клиенти во согласност со позитивните законски прописи во Република Македонија.
Максимално сме ориентирани кон online базирана работа и работа до врата во сеопфатното деловно работење и оперативни услуги како и обезбедување на услуги од одделот за човечки ресурси. Гарантираме дискретност и ажурност ценејќи го туѓото и своето време а сето тоа во согласност со законската рамка за сметководство, деловно работење и работните односи.
Нашите услуги се достапни како за правни така и за физички лица. Работиме на територија на цела Република Македонија.